Во организација на општина Делчево денеска и утре со повеќе програмски содржини се чествува 138 годишнината од Разловечкото востание.
Денеска ќе бидат објавени резултатите од наградниот литературен конкурс за песни со револуционерни и патриотски мотиви, а утре во спонен домот на Разловечкото востание ќе се одржи литературно читање кога им бидат врачени и наградите на авторите на трите најдобри творби.
Утре ќе биде одржан и традиционалниот планинарски марш „По славните врвици на разловечките востаници“ на кој ќе учествуваат стотина планинари од неколку планинарски друштва од Делчево и од други места.
Во црквата „Цар Костадин и царица Елена“ ќе биде отслужена панихида во чест и слава на организаторите, водачите и на сите што ги жртвуваа своите животи во Разловечкото востание.
Културно-уметнички друштва и фолклорни групи од Пијанечко-малешевскиот крај утре ќе настапат на фолклорната ревија во дворот на Подрачното училиште „Св.Климент Охридски“.
За сите учесници на прославата и за гостите организаторот приредува заеднички ручек и општонародна веселба.