Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го посети военото воздухопловство на корејската народна армија, за да провери во каква состојба е воената авијација.
Тој во посетата на базата за која се верува дека се наоѓа јужно од Пјонгјанг пристигна со авион во придружба на сопругата, каде што проследи една воена вежба и заклучи дека е потребно да се зајакне воената обука, со цел во борбите да се пролева што помалку крв.
Јужнокорејските медиуми кои по традиција ги коментираат постапките на лидерот наведуваат дека Ким сака да остави впечаток дека не стравува од летањето како неговиот татко. Тие потсетуваат дека Ким Џонг Ил на секое патување, без оглед колку далеко било, патувал со оклопно возило.
Е.Г.