На интернет страницата на австирскиот весник „Der Standard” денеска е објавен текст за културните политики што ги спровдува владата на ВМРО ДПМНЕ.
„Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ со својата културна политика се обиде да наметне приказна дека Македонците биле жртви на постојано угнетување и херои на отпорот. Модернизмот е брутално преизграден.
Се чини дека ниту една земја на светот нема толку многу херои – до таков заклучок можете да дојдете ако прошетате по улиците на главниот град или ако го посетите „Музејот на македонската борба“. На улиците има и цареви и поети и свештеници и борци, кои последниве години беа расфрлани како „Playmobil“ (игралиште) низ целиот град.
Внатре во Музејот, пак, ВМРО ДПМНЕ поентира со конструирањето на историјата како „борба за ослободување“ која трае неколку стотици години, при тоа исклучувајќи ги Албанците или ненационалистичките Словенски Македонци“, пишува весникот.
На крајот на текстот за Музејот на македонската борба весникот пишува:
„Музејот на македонска борба е само дел од големиот проект „Скопје 2014“, кој според опозицијата чинел 500 милиони евра. Значајните згради од времето на Југославија, како што е зградата на Владата, која е направена од стакло и железо се опремени со „класични барокни фасади“.
А Скопје е всушност модерен град. По земјотресот во 1963 година, јапонскиот архитект Кензо Танге, беше ангажиран повторно да го изгради градот, кој беше уништен речиси две третини. Сега неговиот план се фалсификува. Планирањето на градот се врти во спротивна насока од Мастер планот на Танге и се врти против социјалистичката утопија која се противеше на империјалистичкатите споменици и архитектонски пејсаж. Сето ова значи „симболично рушење” на градот и негово претворање во театарска сценографија“, пишува „Der Standard”.