Времето во Македонија утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и кон крајот на денот нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува умерен, а во зоната на нестабилност и засилен југозападен ветер.
Температурата ќе се движи од 17 до 28 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 25 степени.
Од утре попладне ќе има значителна промена на времето со нестабилност, поројни врнежи и пад на температурата. Пообилни врнежи ќе има во среда, кога на места ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен и ќе дува засилен ветер. Потоа до сабота ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд.