„Кој работи тој и греши“, вели една македонска изрека и веројатно со неа може да се оправда фактот дека на новиот споменик во Жена – парк во Скопје, што чини милион евра, е направена една „мала“ печатна грешка.
Ова се открива на споделената фотографија на социјалната мрежа „фејсбук“ од Софиа Ма, под која стои и нејзиниот коментар:
Under the statue of four golden horses in Жена Парк in Skopje, it says “LIBERTAS JUSTICIA”, so meaning “Liberty and Justice”. But the Latin for justice is „IUSTITIA“!! They made a tiny mistake in a millon-dollar project. I guess the guys didn’t consult Google Translate!
Или:
„Под статуата на четирите златни коњи во „Жена – парк“ во Скопје, се вели „LIBERTAS JUSTICIA“, што значи „Слобода и правда“. Но, латинскиот збор за правда е „IUSTITIA“! Направиле една мала грешка во проект што чини милион долари. Претпоставувам дека момците не го консултирале „Гугл транслејт!
Девојката ја споделила фотографијата пред неколку часа, веројатно збунета од напишаното.
Иако „JUSTICIA“ може да се сретне како форма на зборот на шпански, или некој дијалект, сепак, точниот збор за правда е „IUSTITIA“, форма која ја користат секаде низ светот.
„Можеби, вели таа, со ова тие не сакаат да му ја дадат правдата на народот“, во својот коментар.