Роналдо: Шансите во финалето на ЛШ се 50-50

Од:

Најдобриот фудбалер на светот и член на Реал Мадрид смета дека во финалето од Лигата на шампионите против градскиот ривал Атлетико шансите за победа се еднакви на двата клуба.

– Финалето од ЛШ е мечот што го чекаме целата сезона. За трофејот ќе се борат две екипи, кои имаат подеднакви шанси за успех. Не се согласувам со оние, кои нас ни ја доделуваат фаворитската улога. Се надевам дека тоа ќе биде голем спектакл и дека на крајот ние ќе се радуваме, вели напаѓачот на Реал Мадрид.

Португалецот искажа пофални зборови за противникот.

– Атлетико е фантастичен тим и не е случајно што е лидер во Примера. Тоа кажува многу. Нивното учество во завршницата од елитното натпреварување, како и пласманот на Севиља во финалето на Лига Европа е потврда за квалитетот на шпанската лига, потенцира Роналдо.

Во Лисабон на 24 мај, за првпат во финалето на фудбалската Лига на шампиони ќе играат две екипи од ист град. Сигурно е дека Мадрид ќе го даде новиот европски првак, а дали тоа ќе биде Реал или Атлетико ќе биде познато по две недели.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска