Трите беспилотни летала, кои пред повеќе од еден месец паднаа во Јужна Кореја биле севернокорејски, а содржеле делови произведени во Чешка, објавија чешките медиуми повикувајќи се на информации од јужнокорејското Министерство за одбрана.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, авионите кои беа најдени на на три различни локации во близина на границата меѓу двете корејски држави биле програмирани да се вратат во Северна Кореја.
Северна Кореја на последниот ден од март во рамки на воени вежби исфрли 500 гранати кон јужнокорејските води на што Јужна Кореја одговори со 300 артилериски гранати.