На Богородица приведен бугарски државјанин за шверц на цигари

Од:

Припадници на Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица во содејство со царинските органи заради криумчарење цигари го открија и приведоа бугарскиот државјанин Ж.Б.С. (66), кој со товарно моторно возило марка „Мерцедес Спринтер“ со бугарска национална ознака утринава околу 2:00 часот се пријавил за излез од Република Македонија.

– По добиени оперативни сознанија дека лицето врши криумчарење на стока, во содејство со царинските органи извршен е преглед и претрес на лицето и возилото, при што во товарното моторно возило Мерцедес во посебно направен бункер во кровната конструција пронајдени се сокриени 740 кутии цигари марка „LD црвено 100 S“, 720 кутии цигари марка „LD сино 100 S“, 200 кутии цигари марка „CODE“, 919 кутии цигари марка „EVA SLIM“, или се вкупно 2.579 кутии цигари, информира МВР.

Бугарскиот државјанин е лишен од слобода и предаден на Полициската станица за општа надлежност во Гевгелија каде што е задржан. Против него е поднесена кривична пријава по брза постапка до Основно јавно обвинителство Гевгелија за сторено кривично дело „криумчарење“.

Од опочетокот на годинава, па до вчера откриени и запленети се 26.980 кутии различни видови цигира.

Би можело да ве интересира

Турчин со македонско возило шверцувал мигранти од Грција

Косовската полиција заплени шверцувана стока од Македонија вредна 120.000 евра

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на нафта од македонска на албанска територија

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

Државјанин на Србија во чанта криел 170.000 евра