Холанѓанецот Бјорн Кујперс (41), ја доби честа од УЕФА да го суди финалето во Лигата на шампиони, кое на 24. мај во Лисабон, ќе го одиграат Реал и Атлетико.
Кујперс, знакот на УЕФА го носи од 2006 година, има судено на 68 европски натпревари, а сезонава во Лигата на шампиони бил главен судија на четири натпревари.
Интересно, ни Реал ни Атлетико немаат победи на натпреварите на кои судел Кујперс. Реал, во сезоната 2011/2012 одиграл 1:1 во Москва против ЦСКА, а минатата сезона во Дортмунд загуби од Борусија со 4:1. Атлетико, во сезоната 2009/2010, во фазата по групи против Челзи одиграл 2:2.