Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти побара од своите избраници да се фокусираат на преостанатите три натпревари од Примера, а не да се занимаваат со калкулации околу шансите за трофејот.
– Математички сеуште ништо не е решено. Шампионот не е познат и мораме да веруваме во себе и да ги добиеме последните три дуели. Наше е да одиграме како што треба, а каква ќе биде разврската за титулата ќе видиме на крајот. Трите претенденти за првото место си ги бараат своите шанси, изјави Анчелоти.
Реал Мадрид е трет на табелата со пет бодови заостанување зад Атлетико Мадрид и два зад Барселона, но има и натпревар помалку.
„Кралскиот клуб“ на 24 мај во Лисабон го очекува и финалето на Лигата на шампионите против градскиот ривал Атлетико.