Тренерот на Рома, Руди Гарсија изјави дека Миралем Пјаниќ нема да го напушти клубот со крајот на сезоната, иако за него се заинтересирани Париз Сен Жермен и Барселона.
Шпекулациите за заминување на Пјаниќ беа инспирирани од неговите неодамнешни изјави со кои Пјанич потврдува дека многу лесно би се вклопил во играта на Барселона, а дека екипата на П.С.Ж. е екипа со која би можел да остварува големи резултати.
„Слушнав што изјави Пјаниќ. Кој не би сакал да игра за Барселона или ПСЖ ? Сепак, мислам дека Миралем ќе остане во Рома и дека ќе го продолжи договорот’’ – изјавил тренерот Гарсија за италијанската телевизија „Скај спортс„.
Босанскиот репрезентативец Пјаниќ е член на Рома од 2011 година, а претходно ги носеше дресовите на француските екипи Мец и Олимпик Лион. Тој за римската „Волчица„ досега одигра 90 натпревари и постигна 12 голови.