Се тргнаа заштитните тараби околу спомен обележјето за паднатите херои на Македонија, поставено во паркот „Жена борец“.
Ова дело во јавноста се проследи со доста контроверзии, почнувајќи од содржината на комплексот, па се до неговата локација.
Дел од споменикот се четири златни коњи, обеликс со скулптура на жена – ангел и скулптура на Прометеј, кој прво беше претставен како гол машки акт, за да после во се уште необјасливи услови, преку ноќ доби бронзени гаќи.
Споменикот е дело на скулпторот Томе Аџиевски, а неговата изработкка чини над 2,3 милиони евра.