Брисел се сомнева во предвидувањата на Париз за намалување на дефицитот

Од:

Европската комисија предвидува дека Франција јасно ќе го намали јавниот дефицит во 2015 година, благодарејќи на неодамна усвоениот план за штедење од страна на Владата на Мануел Валс, иако Париз нема да ја достигне целта за ниво на кусок од 3 отсто од БДП предвидено со европските договори, јави дописникот на МИА од Париз.

Во последните економски предвидувања на Европската комисија, објавени денеска, се предвидува јавниот дефицит на Франција во 2015 година да изнесува 3,4 отсто од БДП, додека економскиот раст да биде 1,5 проценти. Француската Влада од своја страна предвидува економски раст од 1,7 отсто.

Се до денешните прогнози, Европската комисија предвидуваше јавниот дефицит на Франција да изнесува 3,9 проценти во 2015 година, далеку од фамозниот праг од 3 отсто што го вети Владата.

Подобрувањето на прогнозите се должи на планот за буџетско штедење од 50 милијарди евра, подвекува Комисијата.

Во 2015 гоина Париз предвидува да заштеди 21 милијарда евра, додека Комисијата прогнозира заштеда од 17,5 милијарди.

Клучната мерка на францускиот план е „пактот за одговорност“ на претпријатијата, кој предвидува намалување на задолжителни давачки за работодавачите до 2017 година на 30 милијарди, со цел да се намали невработеноста во Франција. Во замена претпријатијата се обврзуваат да да отворааѕ нови работни места.

Оваа мерка на француската Влада е вклучена во пресметките на Европската комисија, но не и другите мерки на штедење.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток