Аленка Братушек денеска ќе поднесе оставка

Од:

Словенечката премиерка Аленка Братушек би требало денеска на претседателот Борут Пахор и на претседателот на Парламентот Јанко Вебер, да им ја врачи својата оставка на функцијата, откако загуби на партиските избори за лидер на Позитивна Словенија од градоначалникот на Љубљана и основач на партијата, Зоран Јанковиќ.

По состанокот со коалициските партнери на Брдо кај Крањ во саботата, Братушек соопшти дека заеднички заклучок е дека најдобро за Словенија би било таа да поднесе оставка и што побрзо, уште пред летото, да се одржат предвремени избори.

Братушек истакна дека политичката ситуација не е причина „за паника“, бидејќи нејзината Влада ги стабилизирала јавните финансии, а и оценката на економските прогнози до крајот на годината е подобра од претходните.

Словенечката опозиција, меѓутоа, ја критикуваше одлуката на Братушек и смета дека оставка требала да поднесе веднаш откако ги загубила изборите во партијата.

Би можело да ве интересира

Словенија ја призна Палестина

Катерина Ѓуровски

Словенија го одлага признавањето на Палестина

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски