Екипата на Леванте ја закомплицира борбата за титулата во Премиер лигата, откако попладнево со 2:0 го совлада лидерот Атлетико Мадрид.
„Јорганџиите“ со првиот пораз после девет победи овозможија на градскиот ривал Реал со победа над Валенсија да се израмнат на делбата на првото место, на две кола пред крајот.
Леванте за нив неважна победа стигнаа со автоголот на Фелипе во првата, и со погодокот на Барала во 69 минута.