Најмалку тројца рудари погинаа, а се стравува дека уште 30 се затрупани кога се урнал рудник во западна Колумбија, соопштија денеска официјални претставници и спасувачките екипи.
-Ние пристигнавмне на местото на несреќата и успеавме да извлечеме три тела на погинати рудари, изјави шефот на пожарникарската екипа во колумбиската држава Каука каде несреќата се случи, пренесоа француските медиуми.
Тој наведе дека двајца рудари се извлечени и префрлени во болница. Меѓутоа, има малку надеж за останатите триесетина рудари, од кои некои се затрупани на длабочина од 20 метри, изјави претставник на рудникот.
Колумбија има повеќе од 14.000 рудници, од кои повеќе од половината работат без дозволи, како што е случајот со овој рудник, во кој дојде до несреќа.