Најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо со првиот од двата негови погодока постигнати на реваншот со Баерн од Лигата на шампионите влезе во историјата на ова натпреварување. Тој синоќа во 34.минута му донесе водство на Реал од 3:0, а воедно го постигна 15 гол во елитното натпреварување и постави нов рекорд.
Португалецот во 89.минута постигна уште еден гол и го подобри новопоставениот рекорд на 16 погодока за една сезона во ЛШ.
Роналдо овој рекорд стигна со само 10 одиграни натпревари, а ќе има уште една шанса да го подобри уште повеќе на финалето во Лисабон.
Досегашен рекордер во оваа категорија беше Лионел Меси кој во дресот на Барселона во една сезона имаше постигнато 14 погодоци на 11 натпревари.