Бурите и струите можеби однеле тела на жртвите од јужнокорејскиот ферибот до Кина и Јапонија

Од:

Јужна Кореја ги замоли Јапонија и Кина да ја информираат доколку водата исфрли тела на жртвите на потонатиот траект на нивните плажи.

Нуркачите се уште се обидуваат целосно да ги пребараат остатоците од патничкиот траект „Севол“, кој на 16 април се преврти и потона на патот кон островот Џеџу, додека во него се наоѓаа вкупно 476 лица, од кои повеќето ученици.

Досега се пронајдени 188 тела на загинатите патници, додека 114 и натаму се водат како исчезнати.

Операциите на нуркачките тимови се отежнати поради невремето и опасните услови, така што од петокот и покрај тоа што операцијата траеше дури 60 часа, пронајдено е само едно тело.

Поради бурите и силните морски струи, спасувачите стравуаат дека повеќето од телата водата ги однела далеку од местото на несреќата.

Во акцијата во потрага по исчезнатите се ангажирани хеликоптери, воени бродови, патролни чамци и бројни спасувачки екипи.

Пебарувањето е скоцентрирано на радиус од осум километри околу остатоците од траектот.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња