Атина сака Албанија во јуни да стане кандидат за членство во ЕУ

Од:

Една од целите на грчкото претседавање со ЕУ е Албанија да добие статус на земја-кандидат за членство на Самитот на Унијата во јуни, изјави претседателот на грчкиот Парламент, Евангелос Мејмаракис, кој се наоѓа во официјална посета на Тирана.

– Грција во пракса ја покажа својата заложба за интеграција на Балканот во ЕУ и НАТО и ќе работи на стабилноста, безбедноста и развојот на регионот во интерес на неговите граѓани – нагласи синоќа Мејмеракис по средбата со неговиот албански колега Илир Мета.

Мета, пак од своја страна, нагласи дека Албанија и Грција треба да играат клучна улога во стабилноста и безбедноста на балканскиот регион, потенцирајќи ја при тоа и потребата од понатамошна соработка меѓу двете земји во сферата на енергетската безбедност.

– Албанија и Грција се поврзани од еден исклучителен мост на пријателство и соработка – истакна Мета, додавајќи дека доказ за тоа се грчкото малцинство во Албанија и албанската заедница во Грција.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина