Анчелоти задоволен од резултатот, Гвардиола од играта

Од:

Тренерите на Реал Мадрид и на Баерн Минхен, Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола изразија задоволство по синоќешниот дуел на нивните екипи во полуфиналето од Лигата на шампионите кој го доби шпанскиот претставник со 1:0.

Италијанскиот стручњак рече дека е пресреќен поради победата над европскиот првак.

– Одигравме тежок натпревар и успеавме да го добиеме, а јас сум среќен поради тоа. Во поголемиот дел од мечот се браневме, ама направивме и посериозни шанси за гол. Како клучен фактор за нашата победа се покажа соработката меѓу играчите. Сите си помагаа, оние од нападот им помагаа на тие од средината, играчите за врска помагаа во одбраната, а кога напаѓавме дури и „стоперите“ беа пред противничкиот гол, рече Анчелоти.

За разлика од него кој искажа задоволство од резултатот, противничкиот тренер Гвардиола е задоволен од прикажаната игра на неговите избраници.

– Горд сум на своите играчи ко покажаа доминација над еден од најдобрите тимови на светот. Ние ја контролиравме играта, Реал чекаше контра напади и од една таква ситуација го постигна победоносниот гол. Се надевам дека на реваншот на нашиот стадион ќе ја надополниме негативата, изјави предводникот на Баерн.

Реваншот е закажан за 29 април во Минхен.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска