Годишен извештај на Комисијата за заштита од дискриминација

Од:

Комисијата за заштита од дискриминација и Мисијата на ОБСЕ  во Скопје ќе  презентираат  Годишен извештај на Комисијата за заштита од дискриминација за 2013,  наоди од истражувањето за дискриминаторските огласи и ќе промовираат  Водич за дискриминаторски основи.

Целта на настанот е информирање на јавноста за резултатите од работата на Комисијата за заштита од дискриминација во 2013 година, како и за ресурсите изработени за правните практичари и социјални партнери.

Извештајот вклучува анализа на статистички податоци, презентација на конкретни случаи и посочување стратегија како да се постигне подобрување и напредок во областа на заштитата од дискриминација.

Изданието Водич за дискриминаторски основи, пак, опфаќа опширно толкување на постоечките дискриминаторски основи од аспект на меѓународното право.

На вториот дел од настанот ќе бидат изнесени конкретни наоди од истражувачкиот извештај „Дискриминација во огласите за вработување“.

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

A1on

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

A1on

Ѓорѓи Трендафилов: Македонија е дискриминаторска земја не само во однос на етничкото потекло

A1on

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Ана Ололовска

Комисијата за заштита од дискриминација со препорака за Акциски план за унапредување на правата на осуденичките

Ана Ололовска

Татко спречен да го придружува своето дете: Детска клиника дискриминира, вујна и баба можат оти се женски пол

A1on