Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа победа од 1:0 на првиот натпревар од полуфиналната пресметка со Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Моментот на одлука се случи во 19.минута кога Карим Бензема го постигна победоносниот погодок.
Европскиот првак се обидуваше да изедначи, но и покрај поголемиот посед на топката и доминацијата на средината на теренот, не успеа да ја пробие цврстата домашна одбрана.
Од друга страна, шпанскиот претставник кој играше дефанзивно имаше повеќе посериозни шанси за гол создадени по контра-нападите. Кристијано Роналдо два-три пати и Анхел ди Мариа пропуштија убави можности да му донесат поубедлива победа на својот клуб.
Во вторникот на првиот дуел од другата полуфинална пресметка Атлетико Мадрид и Челзи одиграа 0:0.
Реваншите се следната недела (29 и 30 април), по што ќе се знаат финалистите во елитното натпреварување.