Граничната полиција и цариниците од испоставата Делчево, на тамошниот граничен премин при вршење на контрола во специјално изработен бункер пронашле 295 кутии цигари.
МВР соопшти дека на излез од Македонија на ГП „Делчево“ при вршење детална контрола на возило „рено лагуна” со делчевски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(28) од Делчево во специјално изработен бункер, под задното седиште од возилото, пронајде 295 кутии цигари со македонски бандероли. Од нив 99 кутии се марка „Јорк”, 79 „ЛД”, 67 „Родео” и 50 „Дива слимс”.
Возилото и пронајдените цигари во него се одземени и преземени од страна на Царинската испостава Делчево за понатамошна постапка.