Со нерешен резултат и без постигнат гол заврши првиот дуел од полуфиналната пресметка во Лигата на шампионите синоќа на „Висенте Калдерон“ во Мадрид меѓу домаќинот Атлетико и Челзи.
Челзи на овој дуел настапи ослабен без Самуел Ето, Бранислав Ивановиќ и Еден Азар, а дополнителни проблеми за тренерот Жозе Мурињо претставуваа повредите на голманот Петер Чех и на капитенот Џон Тери кои мораа да го напуштат теренот.
Шпанскиот претставник беше поактивен, упати повеќе удари кон противничкиот гол, но не успеа да ја пробие цврстата гостинска одбрана.
Реваншот е закажан за 30 април во Лондон.
Вечерва од 20 часот и 45 минути повторно во Мадрид, ќе се одржи првата средба од втората полуфинална двојка. Реал Мадрид ќе му биде домаќин на бранителот на трофејот, Баерн Минхен.