Ако исти политички партии повторно и повторно се избираат на избори, а тие се гласани од мал број на гласачи, тоа претставува демократија без избор – изјави професорката на Градскиот Универзитет во Њујорк, Сузан Вудворд на вечерашната дебата „За политичките транзиции“ во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Конкретно за Македонија, таа вели дека не само демократијата, туку и пакетот прашања за држава и нација е во застој, како и членството во Европската унија.
Како што рече професорката, која е експерт за Балканот и постсоцијалистички транзиции, за одредена политичка партија да победи на избори, треба да знае да се справи со политичките последици кои ги носи самата власт.
Според Вудворд, во последните неколку години не се зборува за хибридни режими кои ги користат демократиите да се легитимираат себе си пред надворешните фактори.
– Сите демократии кои се наоѓаат во транзиција се наоѓаат во одреден застој и политичките актери не сакаат да одберат конкретен пат на транзиција, поради тоа што им штети на нивните интереси и самите тие не сакаат да се променат. Постојат држави кои се на добар пат, но се случува тие да влезат во демократска реверзија или обратен процес на демократија – изјави Вудворд.
Деморатијата постојано се менува, вие никогаш не можете да ја предвидите вели Вудворд, потенцирајќи дека тоа е причината поради која ја критикува транзицијата.
– Тоа е пакет на постапки, очекувања, институции. Постојат осум институции во почетните фази на транзицијата, кои се карактеристички за континиумот на полиархијата – изјави Вудворд на дебатата во ГЕМ клубот.
Петар Клинчарски