Во Србија во првите три месеци од 2014 година 2.055 луѓе побарале азил, од кој најголемиот број се од Сирија – 947, изјави денеска директорот на Центарот за помош на барателите на азил Радош Ѓуровиќ.
Тој истакна дека азилниот систем во Србија и понатаму не функционира, а оти бројот на азиланти се зголемува од година во година.
Ѓуровиќ посочи дека ако трендот на азиланти продолжи нивниот број до септември ќе достигне до 6.000 луѓе, што е повеќе од вкупната бројка од минатата година.
Тој истакна дека покрај Сиријците, азил во Србија во првиот квартал од годината побарале 250 Авганистанци, 237 државјани на Еритреја, 83-ца од Мали, 82-ца од Сомалија и 70 Суданци.