Тунискиот претседател Монсеф Марзуки денеска соопшти дека донел одлука да ја намали својата плата за две третини, во рамки на напорите за справување со „критичната“ финансиска состојба во која се наоѓа Тунис.
– Се соочуваме со финансиска и економска криза. Државата мора да служи како пример. Затоа решив да ја намалам платата на претседателот на Републиката на една третина во однос на сегашното ниво, се наведува во соопштението на Марзуки.
Претседателот на Тунис прима плата од 20.000 туниски динари (9.100 евра).
Туниската економија се соочува со криза од 2011 година, по бунтот за време на кој од власт беше сменет долгогодишниот претседател Зин Ел Абедин Бен Али.