Бројот на загинати при вчерашното потонување на јужнокорејскиот траект се искачи на 14 додека, 282 лице и натаму се водат како исчезнати.
Досега од 475 патници спасени се 179, но поради лошото време спасувачките екипи беа принудени привремено да ја прекинат потрагата.
Меѓу 14-те загинати, петмина се студенти, двајца наставници, двајца членови на екипажот, а идентитетот на другите пет жртви се уште не е утврден.
Во потрагата учествуваат 169 бродови и 29 авиони.
Траектот, кој превезуваше 459 лица, од кои 325 средношколци, вчера се преврти во близина на јужниот брег на Јужна Кореја.