План на Миленко Неделковски за иднината на Македонија

Од:

Миленко Неделковски на својот ФБ профил објави план во 11 точки за решевање на состојбите во македонија.

Подолу во коментарите напишал:„Тоа е наш план, македонски. Грешка напишав дека е мој, Наш е, наш за иднината и просперитетот на Македонија и македонскиот народ“.

Еве што содржи планот на Неделковски (го пренесуваме во целост):

1. Вонредни избори, а потоа стабилна промакедонска еднонационална влада.
2. Бришење на рамковен догоговор преку попис кој ќе докаже дека во Македонија нема повеќе од 17-18% од племето.
3. Враќање на Скопје, Кичево и Струга во рамките на градските општини. Зајас, Арачиново, Кондови и слични да останат она што секогаш си биле – села.
4. Долгогодишна затворска казна за потписниците (живите) на предавничкиот Рамковен договор.
5. Одземање со судска постапка на имотите на оние што криминално се збогатија со приватизацијата (Хаџимишев, Андреја, Хари, Штерјо, Давитковци, Савка, Свето, Доне…).
6. Ослободителна пресуда за Јаким Трифуновски.
7. Расчистување, се до затворски казни, за сторителите на атентатоте над Глигоров и Трајковски.
8. Прогласување на Пол ВОЛерс за персона нон грата, заради подбуцнување на албанците и иницирање на случајот Слупчане.
9. Истрага против Митко Бурчевски, заради анти македонски и предавнички дејанија. Доколку покаже американски пасош, екстрадикција од Македонија.
10. Прекинување на дипломатските односи со Косово.
11. Повлекување на нашите трупи од “мировните“ мисии.

 

Би можело да ве интересира

Хелсиншкиот комитет бара санкции за говорот на омраза во емисијата на Миленко Неделковски

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Миленко Неделковски: Ме гледале 10.000 луѓе, а Груевски само 3.000

Ана Ололовска

Бугаринот Динко Вaлев не успеа да дојде до Миленко, го уапсија на граница

Емир Латифовиќ

Агенцијата за медиуми утврди дека Канал 5 шири говор на омраза и дискриминација кон ЛГБТИ луѓето

Ана Ололовска

ОБСЕ: Миленко Неделковски ја надмина црвената линија во говорот на омразата

Емир Латифовиќ

Жарко Трајановски казнет од Судот зашто го нарекол Миленко „шарлатан“

Емир Латифовиќ