Со брзина од 130 километри на час, ураганот „Ајзак“ стигна до брегот на југоисточна Луизијана и се движи кон Њу Орлеанс.
На улиците на Њу Орлеанс врне дожд и ветерот се засилува. Некои делови од градот се без електрична енергија. Луѓето остануваат во домовите. Градскиот аеродром е затворен.
Обама прогласи вонредна состојба во Луизијана и Мисисипи.
„Ајзак“ досега усмрти најмалку 24 лица на Хаити и Доминиканска Република и донесе големи поплави на Карибите.
Националниот центар за урагани предупреди дека комбинацијата од бура и плима би можела да донесе поплави на крајбрежјето по должината на Мексиканскиот залив.
Нивото на водата би можела да достигне висина од 1.8 до 3.7 метри на југозападот на Луизијана и Мисисипи.
Пред седум години во налетот на „Катрина“, загинаа илјада и осумстотини луѓе.
„Нема да имаме настан налик на„Катрина“, изјави Мич Ландри, градоначалник на Њу Орлеанс.