Повеќе од 30 полицајци и два хеликоптера се во потрага по лав кој најверојатно побегнал од циркусот во близина на Есекс, Велика Британија.
На населението му е кажано да остане дома.
Паника и страв владее во градот. Полицајците ќе се обидат да го смират лавот, кој бил многу вознемирен.
Сопственикот на циркусот Мартин Лејси, минатата недела изјави дека ќе се пензионира и дека ќе го намали бројот на животните. Бараше нови сопственици за животните. Нејасно е дали лавот побегнал или е пуштен намерно.