Поставена скулптурата на Тоше Проески

Од:

Скулптура на македонскиот пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена Тоше Проески денеска е поставена на „Мостот на уметноста“ на реката Вардар во Скопје.

„Мостот на уметноста“ се наоѓа до мостот „Око“ и треба да ги поврзе ГТЦ и кружната зграда на Јавното обвинителство.

Скулптурата на Тоше Проески е дел од неклкуте кои ќе го красат новиот мост. На „Мостот на уметноста“ ќе бидат поставени 29 скулптури, по 14 од двете страни и една централна.

„Мостот на уметноста“ се гради според идејното решение на Коста Мангаровски и Викторија Мангаровска. Во неговата средина ќе има скулптура од три метри посветена на браќата Миладиновци, а на двометарските скулптури на страните на мостот ќе бидат посветени на Тоше Проески, Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Димитар Кондовски, Петар Мазев, Григор Прличев, Стале Попов, Крсте Петков Мисирков, Кочо Рацин, Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Блаже Конески, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Васил Иљоски, Ванчо Николески, Живко Чинго, Војдан Чернодрински, Димитар Пандилов, Никола Вапцаров, Неџати Зекирија, Муртеза Пеза, Адем Гајтани, Ристо Шишков, Петре Прличко, Властимир Николовски, Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, Стефан Гајдов.

Дел од скулптурите со кои ќе бидат претставени македонски писатели, композитори и уметници се леат во леарницата РЗ Институт АД Скопје. Мостот ќе биде долг 83 метри и широк 9,20 метри, додека средишниот дел ќе достигне до 12 метри широчина. Изградбата на мостот чини речиси 2,5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски