Лидерот на најголемиот колумбиски наркокартел, познат како Oficcina de Envigado, Ериксон Варгас уапсен е синоќа во североисточниот колумбиски град Меделин.
Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос изјави на прес конференција дека апсењето на Варгас е „смртоносен удар“ за таа криминална група. Варгас ќе им биде испорачан на САД.
Во полициската акција бил убиен еден член на неговата организација додека неколкумина други се уапсени. Варгас стана лидер откако во ноември 2011 година во Венецуела беше уапсен претходниот шеф Максимилијано Бонила.
Тој беше испорачан во САД во декември минатата година. Организацијата Envigado ја основа во 80-те години од минатиот век Пабло Ескобар, озогласен лидер на картелот Меделин.