Ким Џонг Ун сака да спроведе реформи по примерот на кинескиот систем на пазарен социјализам, тврди Кенџи Фуџимото, готвач на поранешниот севернокорејски лидер Ким Џонг Ил. Фуџимото кој неодамна престојуваше во посета на Пјонгјанг е многу близок со владејачкото семејство. Пребегал во Јапонија во 2001 година и напишал неколку книги за животот во Северна Кореја.
Севернокорејскиот лидер Кин Џонг Ун се подготвува да спроведе реформи слични на тие кои во Кина се спроведоа пред повеќе децении.
Таа вест ја пренесе јапонската агенција Кјодо, повикувајќи се на помалку невообичаен извор готвачот на Ким Џонг Ил поранешниот лидер на земјата.
Готвачот кој го користи псевдонимот Кенџи Фуџимото пребега во Јапонија пред десет години, а неодамна на покана на новиот севернокорејски лидер престојувал во Пјонгјанг.
Фуџимото бил личен готвач на претседателот од 1989 до 2001 година и е во добри односи со владејачкото семејство, наспроти фактот дека побегнал од Северна Кореја. По бекството овјавил неколку книги за своите искуства додека живеел во Пјонгјанг.
Ким Џонг Ун како што тврди не замерува што отишол и му приредил срдечен дочек.
Готвачот рекол дека Ким планира да спроведе реформи по пример на кинескиот систем на пазарен социјализам.
– Кога одам во Европа или Јапонија, гледам храна во изобилие и разни производи, но кога одам во Северна Кореја не гледам ништо. Треба да ги проучиме кинеските чекори и правила, според наводите на Фуџимото рекол севернокорејскиот лидер во нивниот разговор.
Овие тврдења доаѓаат во време кога Ким отпатува во Виетнам во тридневна посета. Аналитичарите состанокот на Фуџимото и севернокорејскиот лидер го гледаат како уште еден знак дека младиот Ким сака да се оддалечи од режимот и начинот на владеење кои го практикуваа неговиот татко и дедо.
– Судејќи според тоа што го направи изминатите месеци Ким Џонг Ун, тој се дистанцира од режимот на својот татко, а тоа го прави со исклучителна храброст и брзина, вели Андреј Ланков, професор кој студирал во Пјонгјанг, а сега предава на јужнокорејскиот универзитет Кумкин.
Меѓутоа, Фуџимото вели дека во Северна Кореја голема моќ имаат вујкото и вујната на претседателот, Јанг Сонг Тек и Ким Џонг Хуи.
– Иако Ким Џонг Ун го избра својот наследник, само еден од неговите десет закони што ќе ги предложи тој, ќе биде имплементиран, заклучи Фуџимото.