Рим категорично ја демантираше изјавата на Зеленски: „Тоа не е вистина“

Од:

Шефот на италијанската дипломатија и вицепремиер Антонио Тајани денеска категорично ги демантираше тврдењата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој изјави дека никогаш немало никаква координација со Украина во врска со нападот врз руските бродови во Либија, меѓу кои бил и воениот брод „Меркур“.

Одговарајќи на критиките на италијанската премиерка Џорџа Мелони поради украинскиот напад врз руските бродови во Либија, Зеленски претходно денеска ја бранеше операцијата како легитимна. Тој порача дека украинските сили „никогаш не напаѓаат“ без претходна координација со своите партнери, објави весникот „Стампа“.

Тајани, сепак, нагласи дека немало никаква координација и дека сојузниците не биле информирани за украинските активности во Либија, заклучувајќи дека она што го кажал Зеленски „не е вистина“.

Италијанскиот министер истакна дека Италија не сака војната од Украина да се прелее на други територии, ниту конфликтот дополнително да се прошири во медитеранскиот регион. Тоа, според него, е и главната причина за острата дистанца на Рим од оваа акција.

Би можело да ве интересира

Чичолина сака да стане градоначалничка на Рим: На 75 години најави кандидатура за изборите во 2027 година

Русија испрати „чудовиште“: Дронот „Изделие К5“ првпат снимен на фронтот

Песков: Русија нема да реагира на ултиматуми, туку ќе ги штити своите интереси

Олејник: Зеленски од почетокот на војната во 2022 година помина само 40 отсто од работното време во Украина

Павел го повика НАТО со сила да ѝ одговори на Русија: Треба да се соборуваат дроновите и ракетите

Захарова: Помалку пари за Европејците, милијарди за Киев