Шведска ѝ додели 48 милиони евра на Украина за справување со зимата

Од:

Шведска најави нов пакет зимска помош за Украина, во вредност од 540 милиони шведски круни – приближно 48 милиони евра – наменет за заштита на енергетската инфраструктура и поддршка на населението погодено од последиците на војната.

Најголемиот дел од пакетот, 300 милиони круни (околу 27 милиони евра), ќе биде доделен на Шведската агенција за цивилни вонредни состојби за набавка и испорака на опрема за итни случаи. Оваа помош ќе вклучува и ресурси за заштита на украинските енергетски постројки од напади.

Дополнителни 155 милиони круни (приближно 14 милиони евра) ќе бидат наменети за хуманитарна помош преку Украинскиот Црвен крст. Овие средства се предвидени за финансиска поддршка на ранливите семејства, како и за обезбедување материјали за греење и генератори.

Преостанатите 85 милиони круни – околу 7,6 милиони евра – ќе бидат насочени кон поддршка на енергетскиот сектор во Украина преку Програмата на Обединетите нации за развој (УНДП). Целта е да се одржи снабдувањето со електрична енергија и вода, како и функционирањето на системите за централно греење во станбените згради, болниците и училиштата. Вршителот на должноста министер за надворешна трговија на Шведска, Бенџамин Дуса, изјави дека новиот пакет претставува одговор на она што тој го опиша како намерни руски напади врз цивилната инфраструктура во Украина, во пресрет на зимата.

Според шведската влада, вкупната воена и цивилна помош што Стокхолм ѝ ја има обезбедено на Киев од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, достигна 159 милиони шведски круни – приближно 14 милијарди евра.

Од оваа сума, 129 милијарди круни – околу 12 милијарди евра – се издвоени за воена поддршка. Ова вклучува системи за противвоздушна одбрана, муниција, беспилотни летала, придонеси во мултилатерални фондови, како и соработка во врска со борбените авиони од типот „Грипен“ (Gripen), кои се шведско производство.

Би можело да ве интересира

САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Украина: Руските напади може да се случат во секој момент

Горан Наумовски

Москва предупредува: Вклучувањето на ЕУ може да ги искомплицира преговорите за завршување на војната во Украина

Фицо, Туск, Бабиш и Маѓар сe против Предлог-буџетот на ЕУ, бараат измени

Ле Пен: „Украина нема што да бара во ЕУ“

А1он

(ВИДЕО) Путин: Крајот на војната зависи од Киев, Украина треба да ги прифати компромисите

(ВИДЕО) 12 лица загинаа во Киевската област, меѓу нив деветмина во уривање на станбена зграда