Европската унија планира да инвестира до 50 милијарди евра во нов технолошки фонд за да ја намали својата зависност од американската и кинеската технологија, објави денеска „Фајненшал тајмс“, повикувајќи се на двајца претставници вклучени во преговорите.
Според предлогот, фондот – наречен „Суверен фонд за технолошки капитал“ (Sovereign Tech Equity Fund) – би овозможил поголеми, поризични и долгорочни инвестиции во споредба со постојните програми за финансирање на ЕУ, пренесе „Ројтерс“.
Главните инвестиции би биле насочени кон компании што работат во областите на вештачката интелигенција и квантното пресметување, наведува весникот.
