ВИДЕО: Украина го погоди Кримскиот мост

Од:

Украина го погоди мостот што ја поврзува Русија со полуостровот Крим преку Керченскиот теснец, по што беше ограничен сообраќајот, соопшти гувернерот на полуостровот Сергеј Аксјонов, кој има поддршка од Русија.

Најдолгиот мост во Европа ја поврзува Русија со Крим, кој Москва го анектираше од Украина во 2014 година. Мостот се смета за еден од најважните инфраструктурни проекти на рускиот претседател Владимир Путин.

Аксјонов во објава на Телеграм не соопшти детали за причинетата штета, но наведе дека сообраќајот преку мостот ќе биде ограничен до денеска напладне.

Мостот беше цел на украински напади неколкупати од почетокот на војната во 2022 година, вклучително и во октомври истата година, кога беше извршен напад со камион-бомба во кој загинаа четири лица. Сообраќајот преку мостот тогаш беше ограничен неколку месеци.

Денешниот напад следува по засилените руски напади врз мостови во Украина во изминатите неколку месеци, вклучително и врз мостови во главниот град Киев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски: Онеспособивме повеќе од 55 отсто од руските капацитети за преработка на нафта

Четири земји одбиваат да ја финансираат Украина, Германија се заканува со блокада на буџетот на ЕУ

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Поранешен портпарол на украински премиер ранет во експлозија на автомобил во Москва

(ВИДЕО) Зеленски се надева на договор за прекин на огнот: Европски претставници ќе учествуваат во следната рунда преговори

(ВИДЕО) Путин: Странски трупи во Украина за нас се непифатливи и ќе бидат легитимна цел