Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Од:

На последниот состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ, европските делегации ги повторија своите претходно изнесени ставови за конфликтот во Украина, но не ги спомнаа преговорите во Абу Даби, тврди Дмитриј Полјански, постојан претставник на Русија во оваа организација.

– Изгледаше како Европејците целосно да изгубиле допир со реалноста. Дојдоа со своите стари, добро познати ставови. Ниту еднаш не го спомнаа ’Абу Даби‘ – како сето ова да се случува на некоја друга планет“, нагласи дипломатот.

Според него, само украинската и американската делегација се осврнаа на преговорите во Абу Даби.

Украинските претставници зборуваа во својот вообичаен русофобичен тон, забележа Полјански, додека американскиот претставник ја истакна важноста на напорите што ги вложуваат сите страни во преговарачкиот процес.

Преговорите меѓу претставниците на Украина, Русија и САД се одржаа на 10 и 11 ноември во Абу Даби. Разговорите завршија без постигнување сеопфатен прекин на огнот или напредок во решавањето на територијалните спорови, но сепак беше постигнат договор за размена на затвореници од голем обем.

Европа немаше свој претставник на состанокот. Пред самите преговори се одржа посебна средба меѓу претставниците на Украина и Европа. Европските лидери побараа место на преговарачката маса – барање со кое рускиот претседател Владимир Путин се согласи, според американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф, кои се сретнаа со рускиот лидер во Кремљ по преговорите во Абу Даби.

Сепак, Европа останува поделена околу изборот на главен преговарач. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, се појавуваат како потенцијални кандидати; сепак, тврдиот став на Калас кон Русија и Путин претставува проблем, предизвикувајќи загриженост дека Москва можеби нема да биде подготвена да соработува со неа.

Би можело да ве интересира

Бернам: Очекувам договор со ЕУ што ќе донесе придобивки и за Британија и за Европа

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина