Почина 24-годишниот напаѓач кој уби шест лица во Полска

Од:

Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, за време на крвав напад на главниот историски плоштад во градот, почина во болница, објави новинската агенција „Ројтерс“, повикувајќи се на полициски извори.

Смртта на 24-годишникот била констатирана во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна – критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој беше подложен на најмалку три хируршки зафати“, се наведува во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15:00 часот. 24-годишен маж влезе со автомобил на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓаа таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајци кои интервенирале, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и беше приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејниот дом на Михал О. на улицата „Тилна“ во Островјец Свјентокшиски, полицијата пронајде тела на три тела – членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Би можело да ве интересира

Австриец е шестата жртва во нападот во Краков, напаѓачот се бори за живот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакрот во Краков ќе се истражува како терористички чин

ВИДЕО: Во домот на напаѓачот од Краков пронајдени три тела

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Снимен моментот на масакрот во Краков: Напаѓачот имал дозвола за оружје; продолжил да пука и откако бил ранет

Предраг Петровиќ

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

Застрашувачки снимки од Краков: Луѓето бегаат за да спасат жива глава; Напаѓач во воена униформа пукаше врз минувачите

Предраг Петровиќ