ВИДЕО: Нов обид за атентат врз Трамп

Од:

Маж вооружен со три парчиња огнено оружје е уапсен во близина на Белата куќа, откако на припадниците на Тајната служба им рекол дека дошол во Вашингтон за да го убие американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Министерството за внатрешна безбедност на САД.

Според CBS, осомничениот, идентификуван како Рони Јордрекс Гванипа Кринос, државјанин на Венецуела, бил уапсен во четвртокот вечерта на авенијата Конституција, откако припадниците на Тајната служба го забележале неговото сомнително однесување во паркирано возило.

Кога му пришле, мажот им рекол дека слушал гласови кои му велеле да дојде во Вашингтон и да го убие Трамп.

Полицијата утврдила дека возилото било пријавено како украдено, а во него пронашла три парчиња огнено оружје, вклучувајќи и пушка, како и десетици куршуми.

Против него се поднесени повеќе обвиненија, меѓу кои незаконски транспорт на огнено оружје, носење нерегистрирано оружје и муниција, поседување опасно оружје, неовластено користење моторно возило и примање украдена стока.

Американското Министерство за внатрешна безбедност соопшти дека мажот влегол во САД преку Тексас во март 2024 година, кога бил приведен од граничната патрола, но подоцна бил ослободен. Не е познато дали има адвокат.

Трамп беше мета на повеќе обиди за атентат.

Во јули 2024 година беше лесно ранет во пукање на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија, кога напаѓач од покривот на блиската зграда уби еден учесник и рани уште две лица.

Во април оваа година, вооружен маж го проби безбедносниот кордон за време на вечерата на дописниците од Белата куќа во хотелот „Вашингтон Хилтон“, на која присуствуваа Трамп и првата дама Меланија Трамп.

Осомничениот беше уапсен, а еден припадник на Тајната служба беше ранет во инцидентот.

Би можело да ве интересира

Трамп ја прогласува Овалната соба во Белата куќа за национален споменик

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите

Трамп: Иран нема да има нуклеарно оружје

Хегсет: Не напаѓаат затоа што сме ефикасни, но тоа нема да им помине

Медведев: Отсега Киев едноставно ќе го игнорира Трамп