Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Од:

Хрватски повеќенаменски борбен авион „Рафал“ во четвртокот пресретна патнички авион на финската авиокомпанија „Финеар“ по дојава за можна бомба во леталото.

Ловецот на Хрватското воено воздухопловство го следел „Ербас А320“ до границата со Италија, каде што следењето го презеле италијанските воздухопловни сили.

Според соопштението, пресретнувањето било извршено во 8:41 часот, на подрачјето меѓу Јастребарско и Карловац, откако авионот бил означен како можна закана поради сомневање за присуство на експлозивна направа во леталото.

„Ербас А320“, на летот од Хелсинки кон Рим, влегол во хрватскиот воздушен простор во 8:34 часот, на подрачјето меѓу Чаковец и Вараждин, и продолжил да лета кон Истра и Италија.

По добиената наредба и полетувањето од базата, „Рафал“ го пресретнал седум минути по влегувањето на патничкиот авион во хрватскиот воздушен простор.

Хрватскиот борбен авион го следел патничкиот авион сè до границата со Италија, каде што го предал на италијанските воздухопловни сили.

Авионот на „Финеар“ го напуштил хрватскиот воздушен простор во 8:54 часот.

Би можело да ве интересира

Бран закани со бомби ги потресе европските аеродроми: Најмалку 27 авиони се цел

Хрватски „Рафал“ пресретна авион на „Финер“ означен како потенцијална закана

Дојава за поставена бомба во авион кој леташе кон Варшава, леталото вонредно слета, аеродромот е затворен

Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу нив и поранешната висока функционерка на МВР, Дијана Хркаловиќ

Предраг Петровиќ

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

Судот го одби барањето за притвор на директорот на гимназијата: Стојковиќ ќе се брани од слобода