Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Од:

Голема полициска акција од утринава се спроведува во Куманово, насочена кон сузбивање организирана криминална група.

За денешната акција се огласија и Обвинителството и МВР. Во тек се апсења на осомничени лица за изнуда, лихварство и уцени, а се вршат и претреси на повеќе локации.

Од Обвинителството информираат дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја координира акцијата на полициските службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.

– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција координира дејствија на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР. Врз основа на наредби обезбедени од надлежното јавно обвинителство се вршат повеќе претреси за обезбедување докази во врска со кривичните дела „изнуда“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „несовесно работење во службата“. По целосно завршување на акцијата соодветно ќе ја известиме јавноста, информираат од Обвинителството.

И од МВР потврдија дека акцијата е во тек, а најавија дека повеќе информации ќе соопштат по нејзиното завршување.

– Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР вршат претреси во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК во врска со кривичните дела „изнуда“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „несовесно работење во службата“, соопштија од МВР.

Би можело да ве интересира

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа