Израел им доставил на САД и земјите од Заливот разузнавачки информации дека Иран размислува да употреби хемиско оружје против своите противници, објави „Њујорк тајмс“.
Израелските претставници тврдат дека заканата од хемиско оружје е поитна од иранската нуклеарна закана. Тие им кажале на американските колеги дека Иран развива технологија за испорака на хемиско оружје со ракети или за шверцување во непријателски земји, објави весникот.
Некои американски претставници веруваат дека израелската влада ги користи разузнавачките информации за да го охрабри претседателот Доналд Трамп да ги продолжи воените операции против Исламската Република.
Некои претставници на земјите од Заливот изразија скептицизам и ги оценија презентациите како несериозни.
Други американски претставници ги сфаќаат предупредувањата сериозно, со оглед на другите разузнавачки проценки за можни ирански напади врз интересите и сојузниците на САД.
Израелските вонредни вежби одржани оваа недела не беа насочени кон заканата од хемиско оружје, пишува „Њујорк тајмс“.
Канцеларијата на израелскиот премиер не ги коментираше конкретните тврдења во статијата.
Тој за „Тајмс оф Израел“ изјави: „Израел внимателно ја следи секоја закана од иранскиот терористички режим и е подготвен да се соочи со неа“.
