Француската полиција одлучи: Полицискиот час се продолжува до понеделник

Од:

Полицискиот префект одлучи дека во одредени делови на Париз секоја ноќ, сè до понеделник наутро, ќе важи забрана за движење.

Како што пренесува „Ле Фигаро“, полицискиот префект издал наредба со која се забранува присуство на возрасни лица и малолетници во областа околу плоштадот „Република“ (Place de la République) и во секторот „Ле Ал“ (Les Halles), секој ден во периодот од 23 часот до 6 часот наутро, сè до понеделник наутро.

Оваа мерка е во сила по насилствата и грабежите што се случија за време на викендот, согласно одлуката на Полициската префектура објавена во четвртокот.

Покрај оваа наредба, Париската полициска префектура воведе и забрана за „сите неовластени собири“ за четврток навечер и во текот на ноќта кон петок – конкретно во близина на Елисејската палата, Националното собрание, Сенатот, авенијата „Шанзелизе“ и железничките станици.

Двете забрани важат подеднакво и за возрасните и за малолетниците.

За сабота, 24 октомври, во Франција се најавени нови протести – особено во Париз, како и во други големи градови, меѓу кои Марсеј, Лион, Ница и Бордо.

Би можело да ве интересира

Три безживотни тела пронајдени во куќа во Франција, меѓу жртвите и двегодишно дете

Марин Ле Пен има поддршка од 34 до 38 отсто пред претседателските избори во Франција

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година

(ВИДЕО) Сопственичка на златарница во Лион гледала во живо како ограбувачите ѝ ја уништуваат продавницата: „Полицијата не дојде“

ВИДЕО: Полициски час во Париз и поголемите француски градови

Маѓар за насилството во Франција: Затоа Унгарија не попушта по прашањето за миграцијата