Ударните капацитети на Украина се намалуваат од ден на ден поради дејствата на руските вооружени сили врз објекти поврзани со производството на ракети и беспилотни летала, изјави за „Спутник“ портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
„Ударните капацитети на Украина се намалуваат од ден на ден. Нашите вооружени сили вршат напади врз складишта за компоненти и локации за склопување и производство на ракети и беспилотни летала“, рече Песков.
Тој оцени дека таквите операции ги намалуваат воените капацитети на Киев за изведување напади.
Според руската страна, руските сили продолжуваат да ги напаѓаат украинските центри за податоци, пристанишната и енергетската инфраструктура, како и објектите за производство и складирање на ракети и беспилотни летала.
Москва тврди дека овие операции се одговор на украинските напади врз цивилни цели.
