Судот во Њујорк забрани финансирање реклами што го величаат Трамп со јавни пари

Од:

Суд во Њујорк вчера ѝ забрани на администрацијата на Трамп да користи јавни пари за финансирање политички реклами, откако кон крајот на септември почнаа да се емитуваат телевизиски спотови финансирани со јавни средства, кои го величаат американскиот претседател Доналд Трамп.

Окружната судијка Џенифер Рошон, со седиште во Менхетен, привремено го забрани емитувањето на рекламите, откако тужителите, меѓу кои и организацијата за надзор „Комон коз“ (Common Cause), поднесоа тужба со тврдење дека станува збор за политичка пропаганда осмислена да им помогне на републиканските кандидати на парламентарните избори на средината на претседателскиот мандат, закажани за 3 ноември, а не за објави од јавен интерес.

Администрацијата на Трамп планирала да го прекине емитувањето на рекламите и пред судската одлука, се наведува во посебниот поднесок доставен до судот.

„Нема да застанеме додека оваа администрација не биде целосно повикана на одговорност и додека не се обезбеди ниту еден претседател, од која било партија, никогаш повеќе да не може да ги расфрла и злоупотребува парите на даночните обврзници за пропаганда“, изјави претседателката и извршна директорка на организацијата „Комон коз“, Вирџинија Кејс Соломон.

Трамп изјави дека смета оти рекламите претставувале „позитивна промоција на големите САД“, но дека повеќе нема да се финансираат со пари од даночните обврзници. Белата куќа соопшти дека во иднина рекламите ќе ги финансира политичкиот комитет на претседателот, МАГА ПАК (MAGA PAC).

Од Белата куќа порачаа дека комитетот на Трамп нема да им ги надомести на даночните обврзници трошоците за рекламите што веќе биле емитувани. Рекламите завршуваат со напомена дека се платени од владата на САД.

Тужителите, меѓу кои биле и синдикат на јавни службеници и кандидат за претставник во собранието на сојузната држава Алабама, побарале од судијката Рошон привремено да го забрани емитувањето на рекламите пред петок, за да не се емитуваат во текот на викендот.

Претставници на Демократската партија, во посебна тужба поднесена пред федералниот суд во Вашингтон, исто така ги оспоруваат овие реклами.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зеленски изненаден од објавата на Трамп, но го прифаќа примирјето, се чека Путин

(ВИДЕО) Трамп има секакви идеи: Атлантикот или Пацификот ќе го наречеме „Трампов океан“

Администрацијата на Трамп почна истрага против CNN, ABC, CBS, NBC и Fox News

Украина му одговори на Трамп на повикот за смена на Зеленски

Катерина Ѓуровски

Трамп направи голем пресврт кон Русија: Постигнав договор со Путин за милиони тони дизел

Трамп воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд