Amazon, Tesla и Decathlon меѓу глобалните компании на Ecommerce Conference 2026 – објавени нови говорници и теми

Од:

Како да се зголеми продажбата преку Amazon на европските пазари, како AI агентите го менуваат онлајн купувањето, кој ќе го „поседува“ откривањето производи во иднина и како да се изградат системи што ќе ги издржат најголемите продажни пикови како Black Friday? Ова се дел од темите што на 3 ноември ќе ги отворат домашни, регионални и меѓународни експерти на 9. Регионална конференција за е-трговија во Скопје.

Годинашното издание во Националната опера и балет ќе собере повеќе од 1.000 учесници од 12+ земји и над 30 домашни и меѓународни говорници, на две паралелни конференциски сцени.

Меѓу меѓународните експерти кои доаѓаат во Скопје е Аусрине Колбуте, сениор стратешки консултант во Amazon, со искуство во работа со портфолио вредно над 100 милиони евра. Таа ќе зборува за растот преку Amazon Marketplace, однесувањето на европските потрошувачи и прекуграничната е-трговија. Ник Хогенбум, коосновач и извршен директор на Minimal AI, ќе се осврне на влијанието на AI агентите врз е-трговијата и корисничката поддршка, додека Гејб Зикерман, претприемач, автор и пионер во бихејвиористички дизајн, лојалност и гејмификација, ќе зборува за градењето лојалност преку подобро корисничко искуство. Николаи Зеневиќ, директор за партнерски екосистем во Iute, кој претходно осум години бил дел од Bolt, ќе сподели искуства за растот на дигиталните бизниси и партнерските екосистеми.

На листата на меѓународни говорници се и веќе најавените Јован Андонов, сениор инженер во Google DeepMind, Амрита Лал, сениор менаџер за клиентски решенија во LinkedIn, и Андре Лопез, сениор софтверски инженер во Tesla. Андонов ќе зборува за тоа како AI системите ги препознаваат потребите и намерите на корисниците, Лал за човечката предност и професионалното влијание во ерата на вештачката интелигенција, а Лопез ќе покаже како се градат е-трговски системи што можат да ги издржат најголемите продажни пикови како Black Friday.

Регионалните искуства ќе ги пренесат Катерина Минговска, оперативна директорка на FitKit, со лекциите од проширувањето на компанијата на повеќе странски пазари; Мергим Цахани, основач и извршен директор на Gjirafa Inc., со искуство во развој на дигитални платформи во Југоисточна Европа; и Марко Царевиќ, извршен директор на Ananas Ecommerce, со перспектива од развојот на регионална платформа за онлајн трговија.

На програмата се и Матко Катанец, директор за пазарите во Централна Европа во Wolt, Етник Красниќи, менаџер за е-трговија и B2B во Decathlon, дел од Aztech Group, како и Кристијан Димоски, извршен директор на Akcija24, кои ќе донесат искуства од развојот на дигиталната и онлајн трговија на домашниот и меѓународните пазари.

За иднината на маркетингот, пребарувањето и откривањето производи ќе зборуваат Мирослав Варга, специјалист за маркетинг технологии во Escape, со фокус на односот меѓу човечкото разбирање, податоците и AI; Дарко Дујиќ, директор на E-ponuda / Shoptok, за улогата на Google Shopping и AI агентите во иднината на откривањето производи; и Александар Ашковиќ, експерт за YouTube стратегија и оптимизација за пребарувачи, за влијанието на YouTube врз одлуките за купување.

Годинашното издание ќе се одржи под мотото „From Wait to Go: E-commerce at AI Speed!“, со фокус на промените што вештачката интелигенција ги носи во е-трговијата, маркетингот, продажбата, плаќањата, корисничкото искуство и технологијата.

Конференцијата се реализира со поддршка на Visa како платинум партнер, КаСис како стратешки партнер, Iute Македонија како fintech партнер, А1 Македонија како дигитален партнер, Дајнерс и Ананас како златни партнери, Комерцијална банка, Сава Пензиско Друштво и Халкбанк како сребрени партнери и Минт, Сава Осигурување, Унибанка, Евроинс, РСМ, Акција24, Пивара Скопје, Зегин, ЕВН и Маркев како бронзени партнери.

Пријавувањето за Ecommerce Conference 2026 е во тек на официјалната веб страница на конференцијата: https://ecommerceconference.mk/, а набрзо ќе биде објавена и целосната агенда со останатите говорници и сесии.

Би можело да ве интересира

Пресвртен ден во Европа, Минхен под опсада – CNN: „Дојде часот, а прашината сè уште не е слегната“

Лавров доаѓа во Скопје: „Изгледа Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори воздушниот простор“

A1on

Во Охрид започна конференцијата „Евроатланските вредности на Балканот“

Жарко Настоски

Средби на министерката Мизрахи со колеги од Регионот

Драган Поповски

Успешни практики од ЕУ – инспирација за примена на целите за одржлив развој одржана конференцијата „Глобални цели за локална одржливост“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Примарната здравствена заштита главен темел за унапредување на здравството

Сандра Бошковска