Под мотото „Не во мое име“, денеска во Скопје се одржа протестен марш во поддршка на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, и поранешните водачи на ОВК, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Кадри Весели.
Маршот започна во 14 часот кај споменикот „Скендербег“. Присутните носеа транспаренти со пораки „Слобода“ и „Правда“. Меѓу присутните беа и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и претседателот на Албанскиот сојуз, Зијадин Села.
Од организацискиот совет на протестот претходно најавија дека на собирот ќе бидат поканети семејства на загинати, ветерани и воени инвалиди, поранешни затвореници и политички прогонувани лица, како и претставници на верскиот, академскиот и граѓанскиот сектор.
На 16 септември, Хашим Тачи и Јакуп Красниќи беа осудени на по 25 години затвор, Кадри Весели на 18 години, а Реџеп Селими на 13 години. Судскиот совет ги прогласи за виновни за повеќе воени злосторства, додека за обвиненијата за злосторства против човештвото беа ослободени.
