Израел распоредува дополнителни сили на Западниот брег

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата нареди засилување на воените операции на окупираниот Западен Брег. Одлуката следува по напад во близина на населбата Неве Цуф, северозападно од Рамалах, во кој едно лице беше убиено. Израелската војска соопшти дека уапсила Палестинец осомничен за нападот, објави „Анадолу“.

Нетанјаху изјави дека израелските сили ќе ги гонат сите кои учествуваат во напади врз Израелци.

„Сите ќе ги сметаме за одговорни – во Газа, Либан, Јудеја и Самарија“, рече Нетанјаху, користејќи го библискиот назив за Западниот Брег.

Нетанјаху потврди дека наредил на војската и безбедносната служба Шин Бет да распоредат дополнителни сили, да воспостават блокади и да спроведуваат „офанзивни операции“ и апсења на Западниот Брег.

Тој, исто така, наредил веднаш да започне уривањето на домот на Палестинецот осомничен за пукањето.

Од почетокот на војната во Газа, во октомври 2023 година, израелската војска и доселениците ги засилија нападите врз Палестинците и нивниот имот на Западниот Брег.

Според достапните извештаи, нападите вклучуваат убиства, апсења, уривање домови и проширување на израелските населби.

Би можело да ве интересира

По изборите во Израел, Ајзенкот најави смена на Нетанјаху

Нетанјаху најави најголема воена операција на Западниот Брег уште од 1967 година

А1он

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада

Аракчи: Нетанјаху ги вовлекува САД во уште една војна само за да не заврши во затвор

А1он

ВИДЕО: Нетанјаху го нападна градоначалникот на Њујорк во ОН, доби одговор

ВИДЕО: Оскаровката Сузан Сарандон приведена во Њу Јорк на протест против Нетанјаху